Пукал на деца додека се молеле на миса: Полицијата ги откри морничавите детали од пукањето во училиште во Америка

Напаѓачот пукал низ прозорците на црквата додека учесниците седеле во клупите.

Началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, опишувајќи ја „незамисливата трагедија“ што се случила во среда наутро во католичкото училиште „Благовештение“ во јужен Минеаполис, рече дека напаѓачот пукал додека децата го прославувале почетокот на учебната година.

Тој рече дека непосредно пред 8:30 часот наутро, додека учениците од предучилишна возраст до осмо одделение присуствувале на миса за да го одбележат почетокот на учебната година, вооружен човек облечен во црно влегол во просториите каде што се молеле и отворил оган.

„Напаѓачот пукаше кон децата и верниците во црквата. Тој се приближи од страната на зградата и со пушка низ прозорците на црквата пукаше кон децата што седеа во клупите. Беше вооружен со пушка, сачмарка и пиштол. Ова беше намерен чин на насилство врз невини деца и други верници. Чистата суровост и кукавичлук од пукањето во црква полна со деца е апсолутно неразбирлива“, рече началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.

Две деца се убиени

Две мали деца, на возраст од 8 и 10 години, беа убиени додека седеа во клупите. Уште 17 лица се повредени, од кои 14 се деца.

Две од тие деца се во критична состојба.

„Кукавицата што ги испука овие истрели се самоуби во задниот дел на црквата“, рече началникот на полицијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен