Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицијата го приведе поранешниот директор на Онкологија Нино Васев

Полициски екипи утрово влегле на Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје, а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.

Неофицијално се дознава дека во кругот на клиниката „Мајка Тереза“ е приведен и поранешниот директор на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев.

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, изјави за МИА директорката на Клиниката Виолета Клисарова.

За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.

Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

Зачлени се на нашиот е-билтен