Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го уапсиле лицето Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштетил стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
„Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ се наведува во соопштението од МВР