Трамп воведе санкции против колумбискиот претседател, Петро.
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против колумбискиот претседател Густаво Петро, објави Министерството за финансии.
Само пред неколку дена Трамп објави суспензија на сите субвенции за Колумбија од Соединетите Американски Држави.
„Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, е лидер на нелегалната трговија со дрога кој силно го поттикнува масовното производство на наркотици, на големи и мали полиња низ Колумбија“, напиша Трамп во тоа време на својата социјална мрежа Truth Social.


