Во раните утрински часови денес, во близина на селото Осини (Лублинско војводство, источна Полска) избувна експлозија во поле со пченка. Нема повредени, но на неколку куќи им се скршени прозорци. На местото се пронајдени јагленисани фрагменти од метал и пластика, расфрлани на неколку десетици метри, соопштија полските власти.
Полицијата добила пријава околу 2 часот по полноќ, а првичната форензика на обвинителството укажува дека паднал воен дрон, најверојатно оштетен со експлозив, кој ја предизвикал детонацијата на земја. Истражителите од цивилните и воените служби и понатаму работат на локацијата. Јавува- Strona główna
Министерот за одбрана Владислав Кошинијак-Камиш изјави дека не се исклучуваат повеќе сценарија—од руски или белоруски извидувачки/ударни платформи, преку дрон за шверц, па сè до можен саботажен инцидент. Армијата наведува дека радарските системи не регистрирале нарушување на воздушниот простор од правец на Украина или Белорусија, но и дека радарите не „фаќаат“ секој објект.
Според полската државна агенција PAP, работна хипотеза е дека се работи за „мамка“ (decoy) дрон—без боева глава и со мала количина експлозив, дизајниран да го активира и „развлече“ противвоздушниот систем. На теренот е забележан изгорен круг со дијаметар од приближно 8–10 метри.
Инцидентот се случува во услови на повисока будност на Полска по случајот Пшеводов (2022), кога залутана ракета уби две лица во пограничната зона со Украина.