Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полска очекува брзо одобрување од Германија за испраќање тенкови Леопард во Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека земјата е подготвена за испраќање тенкови Леопард во Украина и очекува брзо одобрување од Германија.

Полска соопшти дека ќе ги испрати тенковите Леопард за украинската одбрана, но за тоа треба официјално одобрение од Берлин.

Не можам да замислам дека одобрувањето нема брзо да биде дадено, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки пред да замине за Берлин, каде што ќе разговара со германски претставници од различни политички ориентации.

Марцин Пжидач, советник за надворешна политика на полскиот претседател Анджеј Дуда, во изјава за приватното радио ЗЕТ, потврди дека Полска е подготвена да ги испрати тие тенковите Леопард за да им дадат добар пример на останатите земји.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е под притисок да одобри испраќање тенкови Леопард 2 во Украина. Тенковите треба да ги испрати Германија која ги произведува и другите земји кои ги поседуваат.

Неколку други земји, вклучително и САД и Велика Британија, исто така одлучија да испратат тенкови во Украина, каде што во наредната фаза на војната се очекува тие да бидат од клучно значење.

Извор: ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново