Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полската опозиција денеска го оддржува протестниот „марш на милиони срца“

На две недели пред парламентарните избори во Полска, најголемиот опозициски сојуз во земјата ги повикува своите приврзаници денеска да излезат на улиците на Варшава на „Маршот на милиони срца“.

Десничарската Граѓанска коалиција, која произлезе од поранешната владејачка партија Граѓанска платформа, на Доналд Туск, сака да го продолжи успехот на сличниот митинг одржан во јуни.

Протестот го поддржува и левичарската унија Левица, а организаторите очекуваат на него да се појават до еден милион учесници. 

Полјаците на 15 октомври се поканети на избори. Во сите досегашни истражувања, владејачките националисти од Право и правда (ПиС), кои со земјата владеат од 2015 година, водат со очигледна предност.

Според истражувањето на Институтот Ибрис од 27 септември, се предвидува дека владејачката партија ќе добие 35,1 отсто од гласовите и може да се надева на трет владин мандат.

Зачлени се на нашиот е-билтен