Полските возачи на камиони денеска ги блокираа патиштата до трите гранични премини со Украина, критикувајќи ја Владата дека не презема ништо за тие да ги загубат своите работни места од почетокот на војната меѓу Русија и Украина. Камионџиите од Украина се ослободени од дозволи за преминување на полската граница по руската инвазија на Украина и компании од Русија и Белорусија основаат филијали во Полска, соопштија полски камионџии, пишува Ројтерс.
Тие, меѓу другото, бараат повторно воведување на ограничувања за влез на камиони со украински регистарски таблички во Полска и забрана за транспортните компании со капитал надвор од Европската унија.
Протестираме поради пречки во патниот транспорт за полските превозници предизвикани од неконтролираното пристигнување на белоруски, руски и украински компании, оние со источен капитал, изјави Карол Ричлик, сопственик на транспортна компанија и претседател на здружението на камионџии, протестирајќи на преминот Дорохуск.
Камионџиите ја споредуваат нивната ситуација со полските земјоделци, кои добија отстапки од Владата откако се пожалија на поплава од евтино украинско жито. Според податоците на украинското Министерство за инфраструктура, просечно од 40.000 до 50.000 камиони ја минуваат границата со Полска преку осум контролни пунктови секој месец, двојно повеќе отколку пред војната. Најголем дел од стоката се транспортира со украински превозници.
Блокирањето на патиштата до граничните премини меѓу Полска и Украина е болен нож во грб за Украина, која е изложена на руска агресија, изјави украинскиот амбасадор во Полска, Васил Зварич.