Денес Сабота 13 септември, треба да го запаметиме како ден во кој на Скопје му се случи односно во тек е и се случува помор на главниот град.
Редакцијата на Рацин.мк цел ден добиваше видеа и фотографии од цело Скопје. Не беа загрижени само „дромци“ од општина Аеродром и Ново Лисиче, долно Лисиче, Маџари, Кисела вода туку и жителите на Центар и Карпош, кои гледаа високи столбови на отровен, канцероген, црн чад кој се издигна на главниот град.
Тежок издигнат облак на канцерогени честички е надвиснат над Скопје. Нашата редакција разговараше со пулмолизи кои велат дека честичките во следните два до три дена ќе панднат па почвата а граѓаните поинтензивно ќе го „вкусуваат“ хоророт на децениска негрижа, на одбивање на селектирање отпад, на процесите против Јахоски, Капушески и друг…
Скопјани повелете видео, седнете размислете, па кажете, подалеку од удопствата на вашите политички ориентации. Прашате се уште колку блиски ќе пратите на Онкологија, уште колку пати ќе речете, да верувам на мојата политичка ориентација.
@racin2025 🔥💨 Катаклизма е сосема соодветен збор за тоа што му се случува на Скопје, посебно денес! 📢 Горат канцерогени отпади а надлежните велат друг е крив! 🔗Повеќе на Рацин.мк #skopje #fyp #goviral #macedonia🇲🇰 #pozar ♬ Body Count – Noise Candy Music
Во прилог имате уште неколку текстови од денес кои не сте ги прочитале, но кои во име на цела редакција ве замолуваме да ги прочитате за да имате контекст на работите.
Останете безбедни, и секогаш на ваша страна, Рацин.мк