Попладнево дожд и мраз, возете внимателно

Студен продор од север од попладневните часови ќе донесе снег низ целата држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во своето најново соопштение. Според прогнозата, претпладнево во пониските места ќе има повремени врнежи од дожд и снег, в Тетово и Гостивар веќе се забележани обилни врежи на снег а во Струга и Охрид интензивни врнежи на дожд и силен ветер.

На повисоките места и на планините ќе врне снег, при умерен до засилен јужен ветер што локално ќе надмине 60 километри на час. Потоа, со спуштањето на постудената воздушна маса, попладнево и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе преминат исклучиво во снег.

Доцна попладнево пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, додека во останатите места се прогнозира нови 5 до 10 сантиметри снег.

Локални врнежи од снег ќе има и утре, кога ќе дува засилен северен ветер, а истиот ветер ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, на места утринската температура ќе се спушти и под -10 степени, а дневните температури во повеќе региони ќе останат зимски ниски.

Во Скопје, претпладне се најавуваат повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе преминат во снег. И утре се можни локални врнежи од снег, со засилен северен ветер.

Зачлени се на нашиот е-билтен