Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.

„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено.“, стои во соопштението од министерството.
На социјалните мрежи попладнево се појави видео снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која наводно се гледа како тој конзумира поголемо количество на кокаин.
На видеото Кузмановски говори за квалитетот на „робата“, но и за дилери за кои тврди дека со нив многу добро знае како да се однесува.