Попладнево на е-адреси на училишта во Скопје и Куманово пристигнале закани за поставени бомби

Попладнево на е-адреси на училишта во Скопје и Куманово пристигнале закани за поставени бомби

Вечерва, стигнала дојава за поставени бомби во сите училишта во Општина Аеродром, па откажани се сите активности на децата во попладневните часови.

Откажани се тренинзи на клубови, играорни групи и други активности за кои се изнајмуваат салите и атриумите на училиштата.

Денеска (28.10.2025) околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на е-поштенските адреси на неколку основни училишта пристигнале пораки со закана за поставени експлозивни направи, соопшти МВР.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавите се постапува по протокол, а во тек се проверки од страна на полициските службеници.

Екипи на полицијата се на терен и ги прегледуваат училиштата со цел да се утврди веродостојноста на заканите и да се обезбеди безбедноста на учениците и наставниот кадар.

Зачлени се на нашиот е-билтен