За помалку од 24 часа на малиот остров Гавдос во јужниот дел на Грција пристигнале девет чамци со вкупно 578 миграни, објави државната телевизија ЕРТ, додека пак според локалните медиуми во изминатите денови зголемени се мигрантските бранови од Либија и кон Гавдос, но и кон Крит.
Утрово, според информациите од крајбрежната служба на Грција со два чамци на Гавдос пристигнале нешто повеќе од 100 лица, но се очекува оваа бројка да се зголеми, со оглед на тоа што како што пишуваат медиумите од Крит, постојат и други чамци и во тек е нивна регистрација.
На Крит пак, според ЕРТ, во затворениот привремен центар веќе има над 1.100 лица, мигранти кои пристигнале и на Крит и на Гавдос во изминатите денови, а поради тоа што некои од нив се повеќе денови затворени, синоќа имало инциденти меѓу мигрантите.