Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Попов: Тричковски порачува да се качиме на еден друг, нов воз, кој го има возниот ред на другите железници на светот

„Тричковски кога ме покани, не знаеше каква змија во недрата ставил зашто за Тричковски што да се каже. Јас го доживувам како океан, може да влезете во океанот во плитката вода, може да се ставите во глисер па малку подлабоко да се нурнете па можете со прекуокеански брод да патувате и сред море да се фрлите ако сакате, да се утепате, а ако сте вмровец којшто не научил да плива по потоците, по ниско планинските подрачја, сигурно тоа ќе ви се случи“, рече поетот Лазар Попов, промотор на новата книга на Бранко Тричковски, насловена „ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“.

За неговото последно издадено дело, Попов вели дека, разликата не е толку на тоа што се препознава како зло кое не дава Македонија да оди напред туку е освртот на тоа дека разобличувањето се приближува кон крај.

„Јас го доживувам така како напор, енергија вложена од страна на Тричковски за да ни каже сите нам колку е штетна позицијата на ВМРО за Македонија“, посочува Попов.

За насловот „ВМРО Мит Концепт Крај“, тој посочува дека не се работи за крај на Македонија.

„Јас како што го гледам е крајот на еден воз, тоа е крајот во смислам во тој текст кој го имаме Македонија и таа порака која произлегува од текстот, Македонија е погрешниот воз кој можел да се движи на погон на дрва од посечените шуми од нашите преубави планини. Тој е заковен на шини на кои веќе има трева и веќе има грмушки израснати и веќе нема како да го покренеме тој воз. Тоа што Тричковски го нуди е да го напуштиме тој воз затоа што тој веќе не е референтна стварност за називот Македонија и да се качиме на еден друг, нов воз кој го има на возниот ред на другите железници на светот. Нов воз кој е на шини кој не се расклатени“, истакна Попов.

Зачлени се на нашиот е-билтен