Популарната сендвичара „7-ца“ повторно ги зголеми цените: Хамбургерот сега чини 250 денари!

Сендвичарата „7-ца“ во Скопје повторно ги зголеми цените на своите производи. Популарниот хамбургер сега се продава по цена од 250 денари, што претставува зголемување од претходната цена од 220 денари.

Според податоците, „Сендвичара – 7“ е една од водечките сендвичарници во Скопје, со четири локации во општините Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба, како и работилница во Кисела Вода. Во 2023 година, компанијата забележала раст на приходите од 37% и зголемување на добивката од 122%, што ја позиционира меѓу најпрофитабилните во фаст-фуд индустријата во Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен