Поради превртена цистерна во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан” поради превртена цистерна на патот.

Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Засега, нема информации за повредени лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен