Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поранешен министер за финансии на САД вели дека подготвува откуп на ТикТок

Поранешниот министер за финансии на САД, Стивен Мнучин денеска изјави дека составува тим инвеститори за да го купи ТикТок од кинеските сопственици

Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство вчера одобри нацрт-закон што ќе го принуди ТикТок да се откаже од својата матична компанија или ќе се соочи со забрана на национално ниво.

Мнучин рече дека силно го поддржува нацрт-законот, кој сега мора да оди на одобрување во Сенатот.

Американскиот претседател Џо Бајден го поддржува законот и вети дека ќе го потпише доколку биде усвоен.

„Мислам дека ТикТок треба да се продаде“, изјави тој за Си-Ен-Би-Си.

Мнучин, кој служеше четири години како секретар за финансии во администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, рече дека ТикТок е „одличен бизнис и ќе составам група за да ја купам“ апликацијата.

„Ова треба да биде во сопственост на американски бизниси. Нема шанси Кинезите некогаш да дозволат американска компанија да поседува вакво нешто во Кина“, рече Мнучин.

Претходно претставник на кинеското Министерство за трговија рече дека САД треба „да престанат со неправедно потиснување на странски компании“ и да ги преземат „сите неопходни мерки за одлучно да ги заштитат своите легитимни права и интереси“.

Друг официјален претставник во Пекинг рече дека САД „ја следат логиката на бандит“ со законот.

Зачлени се на нашиот е-билтен