Комисијата задолжена за истрага на наводите изнесени од Израел против Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) ќе ја предводи поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, јави ДПА.
Израел обвини неколку вработени во УНРВА за вмешаност во терористичките напади на 7 октомври предводени од палестинската милитантна група Хамас. Неколку големи западни донатори на УНРВА, вклучително и САД и Германија, привремено ги прекинаа плаќањата за на агенцијата за помош во Газа поради наводите.
Колона, заедно со експерти од Институтот Раул Валенберг во Шведска, Институтот Михелсен во Норвешка и данскиот Институт за човекови права, ќе ги испита наводите против агенцијата на ОН, соопштија денеска Обединетите нации.
Колона и соработниците треба да почнат со работа на 14 февруари, а прелиминарниот извештај се очекува пред крајот на март.
Експертскиот панел треба да разгледа дали УНРВА ги прекршила мерките насочени кон одржување на неутралноста на групата во Појасот Газа, со кој од 2007 година владее Хамас.