Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Дејвид Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман.
Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција.
Сунак ја отстрани Браверман откако ја обвини британската полиција дека е премногу мека кон пропалестинските демонстранти.
Разрешувањето на министерката за внатрешни работи е дел од пошироката промена во британската влада.
Владејачката Конзервативна партија објасни во изјавата цитирана од ДПА дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“.