Поранешниот министер за правда на ДР Конго осуден на три години затвор поради проневера на 19 милиони долари

Касацискиот суд во Демократска Република Конго денеска го осуди поранешниот министер за правда Констант Мутамба на три години затвор поради проневера на 19 милиони долари јавни средства наменети за изградба на затвор.

Мутамба, кој во јуни поднесе оставка поради случајот, прогласен е за виновен за проневера на средства наменети за изградба на затвор во градот Кисангани.

Тој е осуден бидејќи дејствувал со намера за незаконско богатење и оти не ја почитувач процедурата за реализација на проектот.

Зачлени се на нашиот е-билтен