Поранешниот премиер на Непал, Оли бара истрага за убиството на демонстрантите

Поранешниот премиер на Непал, К.П. Оли денеска изјави дека неговата Влада не наредила полицијата да отвори оган врз демонстрантите во Катманду и побара истрага за насилството, при што загинаа најмалку 73 луѓе.

Оли поднесе оставка на 9 септември, еден ден откако полицијата уби најмалку 19 демонстранти. Тој тврди дека крвопролевањето е иницирано од „уфрлени елементи“.

„Луѓето кои се инфилтрираа во протестите поттикнуваа насилство … тие се причина за трагичната загуба на млади живото. Владата не издаде наредба да се пука врз демонстрантите“, објави Оли на Фејсбук.

Оли беше премиер од 2015 година, а по оставката не е појавен во јавност.

Непалските тинејџери и млади луѓе организираа протести по забраната на социјалните мрежи. Според нив забраната беше воведена за да се задуши кампањата против корупцијата. Демонстрантите го запалија Парламентот, како и резиденциите на политичките лидери, а оштетија и други јавни згради.

Поранешната претседателка на Врховниот суд, Сушила Карки, е избрана за привремен премиер, задолжена за нормализирање на ситуацијата во земјата и исполнување на барањата на демонстрантите до изборите закажани за март 2026 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен