Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поројните дождови предизвикаа поплави во Тетово

Фото: tetovoinfo.mk

Поради интензивен повеќечасовен дожд, под вода се многу улици, подруми и куќи во Тетово. Како што известија службите, пожарникарите интервенирале за да извлечат заглавено комбе во поплавениот подвозник во село Желино.

Поради интензивниот дожд поплавени се коловозните ленти на булеварот „Благоја Тоска“, околу кружниот тек кај тетовската касарна, известува „Тетово инфо“.

Пожарникарите исто така интервенирале и испумпувале вода по повици на граѓани од нивните куќи, дворови и подруми во Мала и Голема Речица.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека поројни дождови вечерва се забележани во западниот и централниот дел од земјава. Тие исто така предупредуваат дека поради интензивните врнежи на мали територии и за кратко времетраење можни се локални проблеми и излевања на помалите водотеци во западните и северо-западните делови од државата.

Службите предупредија дека поради поројните врнежи во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид, можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа.

Дожд се очекува и во текот на ноќта на цела територија на државата, а пообилни ќе бидат врнежите во западните и северо-западните делови, каде се очекува да паднат над 40 литри на метар квадратен.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново