Поради верскиот празник Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Со почеток од 6:00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел. За излез од гробишта – десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

