Посебен сообраќаен режим во Скопје еве кои улици се затвораат

Денес, 6 јануари 2026 (Бадник), во Скопје ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради „Бадниковата манифестација“ во рамки на „Бадниковите поворки“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според најавата, поворката ќе се движи од пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Борис Трајковски“, потоа лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до пред Музејот на град Скопје, а потоа повторно по „Македонија“ сè до плоштадот „Македонија“, каде што е предвидена централната манифестација.

Од МВР информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување и времен режим на сообраќај токму на сообраќајниците по кои ќе се движат поворките, како и во поширокиот реон околу верските објекти. Возачите се повикуваат да ги следат насоките и наредбите на полициските службеници на терен.

Граѓаните што планираат движење низ централното градско подрачје утре се советуваат да тргнат порано, да предвидат застои и, каде што е возможно, да користат алтернативни правци и јавен превоз за да избегнат задржувања околу трасата на поворката.

Зачлени се на нашиот е-билтен