Поскапеле индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар во февруари 2025 година се зголемени за 0,7% на месечно ниво и за 7,4% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во споредба со јануари 2025 година, најголем пораст на цените е забележан во:

Енергија – зголемување од 1,4%

Интермедијарни производи (освен енергија) – зголемување од 1,4%

На годишно ниво, во однос на февруари 2024 година, најголем раст на цените имаат:

Енергијата – 23,5%

Интермедијарни производи (освен енергија) – 2,7%

Нетрајни производи за широка потрошувачка – 6%

Ова зголемување на цените е резултат на повисоките трошоци за енергенти и суровини, што продолжува да влијае врз индустриското производство и трошоците за живот.

Зачлени се на нашиот е-билтен