Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

После само два натпревари тренерот на ФК Вардар Горан Петрески поднесе оставка

Ден по поразот од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка.

Тој се заблагодари на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.

– Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, изјави Петрески. 

Зачлени се на нашиот е-билтен