Во спортскиот центар „Јане Сандански“ на 29 ноември ќе се одржи “Последниот танц” на сцена со Драган Б. Костиќ!
Настанот го организира „Авалон продукција“, по повод 50 години од легендарната емисија ,,Диско селектор”, а Костиќ е една од најлегендарните фигури во македонската културна сцена – новинар и водител со преку 14.000 радио емисии и 20.000 часа минати пред микрофон, диџеј со преку 2.000 настани.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (16 октомври) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 600 денари, а ќе има и ограничен број на ВИП влезници со високи маси, по цена од 1.000 денари.