Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Последните двајца македонски државјани се евакуирани од Газа

Брачниот пар кој беше заглавен во појасот Газа е евакуиран. Во моментот се сместени во Каиро.

– Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив! Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро и наскоро ќе бидат упатени кон дома, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил.

Османи се заблагодари на професионалноста на вршителите на должност во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои, како што пишува, вложиле извонредни напори во постојаната комуникација со надлежните институции на Египет и Израел.

Треба да знаете
Moже да ве интересира