Костова: Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат големи скандали со тендери

Потпретседателката на СДСМ, Критина Костова, веерва во телевизиска емисија на Канал 5, порача дека градоначалниците на ДПМНЕ, освен што не ги остварија ветувањата, им се надоврзуваа сите скандали особено оние што се поврзани со испумпување на граѓанските пари и општинските буџети, преку веќе добро воспоставени тендерски мрежи.

„Но исто така и скандали на пример со кражба на нафта од училиштата, нафта којашто се користи за греење на нашите деца, изградба на дивоградби од страна на секретари и втори лица во општината, големи скандали и толерирање беззаконие, нагласи потпретседателката на СДСМ, Костова.

Таа потсети дека во циклус од четири години има доспеани а неисплатени обврски на ниво од 700 милиони евра заклучно со 2024 година, а 80% од истите доаѓаат од единиците на локалната самоуправа: „Тоа се конкретни имиња и презимиња на градоначалници и конкретни општини,“ рече Костова.

„Важно е да се нотираат и случувањата во локалната самоуправа каде што најголемо мнозинство на водство е од страна на ДПМНЕ во изминатите речиси четири години и токму во тие општини има сериозен пад на квалитетот на комуналните услуги, а во истовреме и раст на цените за тие услуги што е нелогично,“ истакна Костова, додавајќи дека уште пред кампањата да почне, ветувањата на ДПМНЕ градоначалниците за 2025 се исти како оние од 2021 година – што значи дека четири години ништо не е сработено.

СДСМ размислува подалекусежно од она што го гледаме од ДПМНЕ, нашите решенија што ќе ги понудиме ќе бидат за решавање локалните проблеми на граѓаните и ги придвижување на општините во правилна насока кон поголем раст и развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен