Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Потресен апел на социјалните мрежи, исчезна жена во Јурумлери

Потресна објава осамна предмалку на социјалните мрежи. На Фејсбук профилот на Мартина Трајковска се апелира доколку некој ја види нејзината мајка која е исчезната веднаш да ја побара на телефонскиот број кој е оставен.

Последен пат жената е забележана во Јурумлери. 

-Исчезната е мајка ми, последен пат видена на автобуска на Јурумлери. Носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208“ , стои во апелот од ќерката. 

Посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми, така ја опишува семејството Лидија Трајковска (43), која утрово околу пет часот излегла од семејниот дом и и се губи траг.

Со себе не понела никакви лични документи, ниту пак мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија.

-Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција. Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери. Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Се работи за слаба и ниска жена, и секоја информација е добредојдена, за ,„Фокус“ појаснува нејзината ќерка Мартина.

Во земјава како исчезнати се водат десетици граѓани, а на некои со години не им се знае трагот.

Таков е случајот од неодамна со Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која исчезна во јуни годинава, Виолета Крстевска – Јаневска (61) од Скопје, која исчезна во март 2022 година, Сабина Сабединовска (32) од Куманово која исчезна пред две години заедно со нејзината ќерка Елиф (7), Марија Брзакова (30) од Босилово, која исчезна пред четири години, но и многу други лица од кои само дел се објавени на страницата за исчезнати на МВР.

Доколку некој ја забележи или пак има било каква информација за Лидија, да пријави во полиција или пак на телефонскиот број 071/345-208 кај семејството.

Зачлени се на нашиот е-билтен