Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Потврдена смртта на извршителот на синоќешниот напад во Брисел

Осомничениот извршител на синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, почина денеска откако беше застрелан од полицијата во кафуле, потврдија белгиските власти.

– Сторителот на терористичкиот напад во Брисел е идентификуван и почина, објави белгиската министерката за внатрешни работи Анелис Верлинден на платформата Икс (X).

Претходно, како што јави дописникот на МИА од Брисел, државната телевизија РТБФ објави дека белгиската полиција го застрелала и убила 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани.

Според телевизијата, извршителот на нападот бил прогласен за мртов утрово во 9:38 часот, откако со прострелни рани бил пренесен в болница.

Ал Гуилани бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек при полициска акција за негово апсење, која започна синоќа откако тој уби двајца шведски државјани и рани трет.

Верлинден, претходно, соопшти дека мажот осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и е пронајдено автоматското оружје со кое е извршен нападот.

– Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“.

Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали.

Policia belge qëlloi dhe vrau 45-vjeçarin tunizian, Abdesalem Al Guilani, i cili dyshohej se mbrëmë në Bruksel vrau dy tifozë suedezë të futbollit, njoftoi televizioni RTBF.

Белгискиот премиер Александер де Кро изјави дека станува збор за „кукавички терористички напад“

– Напаѓачот избра за мета двајца шведски фудбалски навивачи, додаде Де Кро.

Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презеде одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“.

Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен