Две лица загинаа во Радика по сообраќајна незгода на регионалниот пат Маврово–Дебар, соопшти полицијата. Несреќата била пријавена во 15:50 часот во ОВР Гостивар, откако патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистерски ознаки изгубило контрола и паднало во реката. Во возилото, како што е наведено, животот го загубиле возачот и сопатникот.
Поради извлекување на возилото од водите на Радика, сообраќајот на правецот Маврово–Дебар е во целосен прекин од 18:30 часот. Прекинот е евидентиран во близина на Манастирот „Св. Јован Бигорски“, а надлежните апелираат возачите да ја следат актуелната состојба на патиштата до нормализирање на сообраќајот.