Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 200 камиони со хуманитарна помош денеска влегоа во Појасот Газа

 Повеќе од 200 камиони со хуманитарна помош денеска влегоа во Појасот Газа, кои претходно беа прегледани на територијата на Израел, соопштија израелските власти.

На преминот Керем Шалом биле прегледани 76 камиони кои директно влегле во Газа, јавува Си-Ен-Ен.

Уште 142 камиони биле прегледани на преминот Никана и влегле во Газа преку египетскиот премин Рафа.

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела објави дека „глад ја пустоши Газа“ и дека се очекува да го зголеми бројот на случаи низ целата енклава.

Се додава дека од 7 октомври досега се пријавени повеќе од сто илјади случаи на дијареа и 150 илјади случаи на инфекции на горниот респираторен тракт.

Зачлени се на нашиот е-билтен