Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 50 луѓе умреле од глад во северна Етиопија

Повеќе од 50 луѓе починале од глад предизвикана од суша во регионите Тигра и Амхара во северна Етиопија, соопштија денеска локалните власти, пренесува Би-Би-Си.

Според Канцеларијата за управување со ризици од катастрофи на Тигреј, 46 лица починале откако ги напуштиле своите домови поради сушата. Најмалку шест лица и 4.000 добиток умреле од глад во областа Ваг Хемра во соседниот регион Ахмара поради недостиг на храна предизвикана од сушата, изјави локален претставник.

Пред повеќе од пет месеци, САД и Обединетите нации ја прекинаа испораката на помош во храна во Етиопија, по обвинувањата против локалните власти за кражба на храна.

Одлуката ја влоши хуманитарната криза во земјата, каде војните и екстремните временски услови оставија милиони луѓе да зависат од хуманитарна помош.

Додека северните делови на Етиопија се соочуваат со голема суша, јужните и источните делови на земјата се очекува да бидат погодени од невообичаено обилни врнежи.

Според ОН, повеќе од 40 луѓе загинале во последните недели поради поплави и лизгање на земјиштето, од кои огромното мнозинство во сомалискиот регион на далечниот исток на Етиопија.

Зачлени се на нашиот е-билтен