Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 60 европратеници бараат воведување санкции против Азербејџан поради офанзивата во Нагорно-Карабах

 Повеќе од 60 членови на Европскиот парламент испратија писмо до високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, барајќи воведување санкции против Азербејџан поради големиот напад во Нагорно Карабах, јави ерменската новинска агенција Ерменпрес.

Европратеничката Натали Лоазо, претседателка на поткомитетот за безбедност и одбрана во Европскиот парламент, го објави писмото на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

„Повеќе од 60 европратеници се согласуваат со мене и побараа Европа да воведе санкции против режимот на Илхам Алиев за нападот врз ерменското население во Нагорно Карабах“, рече Лоазо.

Европратениците во писмото го повикуваат Борел да преземе мерки за да спречи етничко чистење и нова војна. 

Зачлени се на нашиот е-билтен