Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќето Американци се сомневаат во менталните способности на Бајден

Анкетата во САД покажа дека се поголем број возрасни Американци се сомневаат дека 81-годишниот претседател на земјата Џозеф Бајден има соодветно помнење и остроумност за таа работа.

Анкетата е спроведена пред претседателските избори закажани за ноември оваа година и пред обраќањето на Бајден за состојбата на Унијата.

Околу шест од десет испитаници изјавиле дека не се многу или не се воопшто сигурни во менталната способност на Бајден ефикасно да служи како претседател, се наведува во новата анкета на Центарот за истражување јавни работи (Асошиетед прес-НОРЦ).

Тоа е незначително зголемување во однос на анкетата во јануари 2022 година, кога приближно половина од анкетираните изразија слична загриженост.

Речиси шест од десет испитаници исто така се сомневаат во менталните способности на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој има 77 години и е во претседателската трка како и Бајден.

За многу гласачи, овогодинешните избори изгледаат како пресметка за најтешката работа во светот меѓу двајца мажи кои одамна ја поминале старосната граница за пензионирање. 

Зачлени се на нашиот е-билтен