Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повик за номинации за Наградата за младинско учество

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги повикува сите млади индивидуи или организации да аплицираат за Наградата за младинско учество, со цел да го препознаат и валоризираат трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Рокот за поднесување на номинации е до 10 јули, 23:59 часот.

-На отворениот повик можат да аплицираат сите млади индивидуи или организации кои покажуваат јасна визија за подобрување на заедницата, исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата, велат од НМСМ.

Наградата за младинско учество ќе биде доделена во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.
Добитниците ќе добијат и финансиска поддршка, со цел да се обезбеди унапредување на нивната работа и активности.

Наградата за индивидуална категорија 1.500 евра, за неформални групи на млади 3.000 евра, а исто толку и за младински организации.

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на СЛЕДНИОТ ЛИНК – за индивидуалната категорија за млади, на ОВОЈ ЛИНК – за категоријата на неформални групи на млади и ТУКА – за категоријата на младински организации, организации за млади и чадор организации.

Најново