Во куќата на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, која се наоѓа во Северен Лондон, денеска избувна пожар, пишува „Скај њуз“. Пожарот избувнал рано утринава на неговиот имот.
Причинета е материјална штета на влезот од куќата. Повредени нема, а полицијата извршила увид.
Лондонската полиција апелира до сите членови на јавноста да се јават доколку имаат некаква информација. Премиерот Стармер постојано престојува во оваа куќа од јули 2024 година, кога беше избран за премиер, а инаку живее во премиерската резиденција во Даунинг стрит, Лондон, каде што се наоѓа и седиштето на владата.
Полицијата соопшти дека истражува пожар во домот на британскиот премиер. Пред имотот е поставен кордон, а присутни се голем број пожарникари и полиција. Иако премиерот сега живее во својата службена резиденција, сепак поседува луксузен имот. Станува збор за куќа со четири соби која Стармер ја купил во 2004 година и моментално ја издава.
Вредноста на куќата се проценува на околу два милиони фунти.