Пожар избувнал на покривот на српскиот павилјон на Венециското биенале, објавија италијанските медиуми.
Пожарот создадал голем столб од црн чад што се гледал над италијанскиот туристички град, кој е домаќин на уметнички фестивал.
Пожарникарите реагирале брзо откако алармот бил вклучен непосредно пред 10 часот наутро.
Нивните операции беа попречени од силни ветрови кои повторно ги разгореа веќе изгаснатите материјали, принудувајќи ги пожарникарите да интервенираат неколку пати, јавува италијанската АНСА.
Според првичните извештаи, штетата не се проширила на инвентарот на павилјонот, самата изложба или околните згради. Нема извештаи за повредени, додаде италијанската новинска агенција.