Во магацинот за стари и неисправни вагони во објектот на Македонски железници – Транспорт во Лисиче синоќа околу еден часот по полноќ избувна пожар. На терен до утрово интервенирале десет противпожарни возила и 30 пожарникари.
-Во 03:30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал – велат од МВР.
Изгаснат пожарот во магацин на Железници Транспорт / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ
Во моментов причините за пожарот се непознати. Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат и надзорните камери за да се утврди што се случило.
Штетата дополнително ќе се утврдува, а надлежните потврдија дека нема повредени лица при оваа интервенција.