Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Познати кафеанџии од Дебар Маало, Лептокарија, улица Македонија краделе струја

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија разоткриени во мрежа за кражба на струја. Имено, екипите на ЕВН открија обид за кражба на струја со уред кој го „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја.

Најголемиот дел од нив се познати хотели, кафулиња, кафеани, пекарници од Скопје и од
земјата, лоцирани во Дебар мало, на улица Македонија, во Лептокарија во Скопје, на
Широк сокак во Битола и на други атрактивни локации низ Македонија.

Иако се работи за уред кој досега не бил евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката, се вели во новото издание на емисијата „КОД“.

Отстапувањата во потрошувачката кај броилата кои не се исчитуваат далечински се утврдува на лице место при контрола. Инженерите на ЕВН објаснуваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото.

– Анализата на броилото ни дава точни технички параметри за тоа дали броилото е расипано или се работи за манипулација. Овој уред е многу софистициран и тешко се открива при обични контроли. За среќа, нашиот систем за далечинско управување веднаш алармира кога има одредени отстапувања во потрошувачката – изјави Александра Костовска, раководителка на одделот за мерење на мрежа во ЕВН за емисијата „КОД“ која се емитуваше на ТВ Телма, а беше посветена на кражбите на струја.

Според неа, инженерите на ЕВН можат преку детална анализа на податоците од броилото да утврдат дали станува збор за технички проблем или за намерна манипулација.

Оваа акција на ЕВН покажува дека криминалците постојано развиваат нови методи за кражба на струја, но и дека енергетските компании преземаат соодветни мерки за да ги спречат.

За сите сторители на кражба на струја ЕВН поднел кривични пријави. Според законот, за ова дело се предвидени затворски казни до 5 години и парични казни за правни лица од 1500 до 15.000 евра. Јавното обвинителство активно работи на расветлување на овие случаи и гонење на одговорните.

Зачлени се на нашиот е-билтен