Двајцата лидери се согласиле за состанок на високи функционери следната недела и уште еден состанок во живо меѓу Трамп и Путин.
Трамп објави на Truth Social дека разговорот бил „многу продуктивен“ и дека „е постигнат голем напредок“ со рускиот претседател. Тој вели дека Путин му честитал за „големото достигнување на мирот на Блискиот Исток, за кое, рече тој, се сонувало со векови“.
Средба во Будимпешта
Според Трамп, било договорено состанокот на високи советници, кој ќе го води американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио, да се одржи следната недела. После тоа, Трамп и Путин треба да се сретнат лично во Будимпешта со цел, како што изјави, да се обидат да „ја завршат оваа „неславна“ војна меѓу Русија и Украина“.
Трамп додаде дека за денешниот разговор со Путин ќе разговара утре со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа „и за многу други работи“.
Путин ѝ се заблагодари на Меланија
Трамп тврди дека за време на разговорот, Путин ѝ се заблагодарил на сопругата Меланија „за нејзината вклученост со децата“ и рекол дека „го цени тоа и ќе продолжи“. Меланија Трамп претходно му испратила писмо на Путин, кое претседателот му го предал во август во Алјаска, во кое изразила загриженост за исчезнатите украински деца.
Трамп, исто така, рече дека разговарале за трговските односи меѓу САД и Русија по завршувањето на војната во Украина.
„Трамп верува дека е можен напредок“
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, рече дека Трамп сè уште верува дека е можно Путин и Зеленски да седнат на иста маса. Да потсетиме дека Трамп се обиде да посредува во Алјаска во август во организирање состанок меѓу двајцата претседатели, но Русија тогаш не ја потврди својата подготвеност.
Левит рече дека Путин сега покажува подготвеност да се сретне со Трамп и дека телефонскиот разговор траел вкупно два часа. „Претседателот верува дека е постигнат напредок во врска со војната во Украина и дека ќе се обиде да ги придвижи работите понатаму кон мир“, рече Ливит.