Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека до сега во собраниска процедура го смениле името на државата од Република Македонија во Северна Македонија во 19 закони. Апасиев очекува оваа бројка до крајот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да биде многу поголема.
-До крајот на мандатот, бројот на закони во кој ќе го смените името ќе бидат 99 или можеби над 100. Во нив педантно и хируршки прецизно, вашата квази патриотска бугарофилска партија го брише името Македонија, без обврска од Преспанскиот договор, иако немате никавка меѓународна обврска да го бришете името Република Македонија од закони за кој не сме отпочнале преговори. Зошто тоа го правите? Народот гледа дека тоа што го кажувавте во предизборието, го поплукавте за 24 саати од кога влеговте во фотелја, рече Апасиев.
Денеска претседателот на Собранието, Афирм Гаши, рече дека во најголем број на закони кои се донесени за време на ова владејачко мнзинство, се закони во кои има само технички измени. За ваквиот начин на носење на законите од страна на власта има забелешки и Европската комисија во најновиот Извдештај за напредокот на државата во 2024 година.