Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица

Везена икона на Успение на Пресвета Богородица според фреската на Михаил и Евтихиј, во манастирот Перивлепта, Охрид на сестринството на манастирот во Матка
Везена икона на Успение на Пресвета Богородица според фреската на Михаил и Евтихиј, во манастирот Перивлепта, Охрид на сестринството на манастирот во Матка

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.

Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. 

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот кај Матка ќе се одржи богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. 

Традиционално на овој ден во манастирот се одржува општонароден собир и крводарителска акција. 

Синоќа во пресрет на еден од најголемите христијански празници кај народот познат како Голема Богородица се одржа вечерна богослужба и сеноќно бдеење. 

На овој ден илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја. 

Најново