Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Празни пораки на Мицкоски од Будимпешта

Во видео изјава на премиерот Христијан Мискоски, од Будимпешта, каде учествува на состанокот на Европската политичка заедница, што се одржува денеска и утре (7 и 8 ноември), порачува, дека со секоја нова средба, „се повеќе и повеќе се бори со аргументи за вистината онаква каква што е. Онаа вистина, која што ја чуствуваат нашите граѓани и која што е важна за Македонија“.

Мицкоски во изјавата ја информира македонската јавност дека имал квалитетен работен ден кој што изобилувал со многу работни средби со европските државници, на кои ги презентирал „нашите“ аргументи, „нашата“ економска иднина, „нашите“ економски цели, истовремено ги презентирал „нашите“ погледи и аргументи за „нашиот“ евроинтегративен пат, додавајќи, „Се бориме за нашите аргументи и за вистината, ќе продолжиме да се бориме за Македонија“.

-Ќе продолжиме да се бориме за Македонија во неделите, месеците и годините кои што следат. Мора да успееме, мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна. Местото наше е во Европската унија. После овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, вели премиерот, од Будимпешта

Зачлени се на нашиот е-билтен