Празнична гужви на границите поради новите правила на ЕУ

Новите правила за влез во повеќето земји од Европската Унија предизвикаа зголемен метеж на граничните премини, особено со Унгарија и Хрватска

Новите правила за влез во земјите од Европската Унија предизвикуваат огромни гужви на граничните премини со Унгарија и Хрватска. Патниците чекаат до 12 часа, додека најлоши ситуации се очекуваат пред новогодишните и божиќните празници, особено за автобусите и камионите.

Новите правила за влез во повеќето земји од Европската Унија предизвикаа зголемен метеж на граничните премини, особено со Унгарија и Хрватска.

На некои премини, се чека и до 10 часа, а најголемите гужви се очекуваат пред новогодишните и божиќните празници.

На сите премини кон Унгарија, новиот систем се применува околу еден месец, па затоа подолгите чекања се практично неизбежни. Унгарската полиција се обидува да ја забрза постапката со делење на возилата во колони според видот на пасошот на патникот.

„На обележаните ленти, или во случај на автобуси, скенирањето се врши во возилото, а нашите колеги ги внесуваат податоците порано, така што кога патникот ќе стигне до кабината за проверка на пасоши, не мора да чека повеќе“, објаснува Левенте Бауко од унгарската полиција.

Од друга страна, хрватската гранична полиција наведува дека воведувањето на новиот систем не донело големи промени на премините.

„За да се минимизира чекањето и да се обезбеди непречен проток на сообраќајот, применуваме низа мерки: ги означуваме лентите за регистрација во EES, користиме мобилни уреди и се прилагодуваме на моменталните околности. Ова овозможува поефикасна контрола и регистрација на патниците“, соопшти полициската управа Вуковар-Срем.

Првиот сериозен тест на системот беше на Денот на примирјето, кога многу патници го искористија празникот за патување. Автобусите чекаа до 12 часа во Хоргош и до шест часа во Батровци, а имаше и исклучувања на системот.

„Посебни проблеми се јавуваат за лицата со попреченост, оние со посебни потреби или лицата со здравствени проблеми, на пример артритис, каде што е тешко да се земат отпечатоци од прсти“, објаснува Александар Сеничиќ од JUTA.

Новиот систем автоматски го евидентира времетраењето на престојот во Шенген зоната, кое не смее да надмине 90 дена во период од шест месеци. Возачите на камиони се особено погодени, бидејќи секој ден што го поминуваат во Шенген зоната веднаш се смета.

„Проблемот е што земјите од Шенген зоната пристигнаа на нашите граници. Ако возачот го напушти Нови Сад или Војводина, тој влегува во Шенген зоната истиот ден и тој ден се смета од дозволените 90 дена. Возачите се во паника, 10-15 илјади од нив не знаат што да прават кога не можат да возат. Работодавците мора да бараат замена, а нема доволно возачи. Транспортот сигурно ќе поскапи за околу 50 проценти“, предупредува Душан Николиќ од Групацијата за патен транспорт PKS (Србија).

Покрај контролата на престојот, новиот систем е воведен за да се спречи нелегалната миграција, барањето азил, нелегалната работа и трговијата со луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен