Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години, рече Марина Куксакатска, од СДСМ.
Таа посочи дека наместо тоа, во Аеродром има неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема. Ваквата состојба во оваа скопска општина вели Кусакатска, се последиците од управувањето на Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со Општина Аеродром.
„Паркот „Радост“ на 5.000 метри квадратни во Реонски центар кои требаше да биде готов во првата година од мандатот, уште не е готов. Градежни маркици наводно се бришеа, а Мицкоски се појави уште во 2022 година на почетокот на активностите за уредување на овој парк.Нов парк на 5.000 метри квадратни ветија дека ќе подигнат и кај касарната „Гоце Делчев“. За ова немаат ниту проект. Уште еден нов содржински парк на 5.000 метри квадратни требаше да биде подигнат во срцето на Ново Лисиче, со нови реквизити и содржини за сите возрасти на деца. Нема ништо од тоа. Само неискосена и пожолтена трева го дели Реонски центар од Ново Лисиче“, рече Кусакатска.
Кусакатска потсети дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, вети паметен систем за наводнување на тревниците меѓу зградите, ‘а не можат да ги поправат ни постоечките системи за наводнување%.
„Паркот Авионче требаше да прерасне во мал луна парк, а паркираните возила на патеките и во тревниците требаше да биде минато. Нови паркови за миленици ветија во секој нов и во секој постоечки парк. Ниту еден не е направен во последните 4 години. Дејан Митески и Тимчо Муцунски беа неспособни да ги одржуваат ни парковите подигнати од нивните претходници, а не да подигнат нови. Аеродром важеше најзелената општина во Скопје до пред само 4 години“, рече Кусакатска.
Според Кусакаткска, денес Аеродром е општина со најзапуштени паркови полни со отпадоци и паднати суви гранки на секој чекор.
„Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат во Аеродром? Имаат ли господата од ДПМНЕ трошка срам? Времето на Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истече!“, рече таа.