Пред Велигден температурите паѓаат, викендот носи повеќе дожд

По неколку топли и сончеви денови, Македонија влегува во понестабилен период. Според прогнозите, до средината на неделата времето ќе остане релативно пријатно, со температури и до 25 степени, но од четврток почнува промена што ќе донесе посвеж воздух, повеќе облаци и постепен пад на дневните температури. И во прогнозата на УХМР се наведува дека вторник ќе биде најтопол ден, со максимални температури меѓу 18 и 25 степени, среда веќе носи разладување, а во четврток максималните ќе се движат меѓу 10 и 17 степени.

Промената најјасно се гледа и во прогнозите за поголемите градови. Во Скопје, по 25 степени денес и 24 утре, температурата во среда паѓа на 18, во четврток на 17, а во петок на 15 степени. Сличен тренд има и во Охрид, каде од 18 степени во вторник се оди кон 12 во четврток и петок, како и во Битола, каде по 21 степен во вторник, веќе од среда максималната се спушта на 12 степени.

Зачлени се на нашиот е-билтен