Кој на кого му се јавува за коалицирање е тема на препукување меѓу премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на скопската општина Чаир, Бујар Османи. По изјавата на Мицкоски, дека претстојните локални избори се загубени за опозицијата и дека таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција, Османи рече дека ваквите јавни настапи на премиерот се спротивни на приватните пораки што се праќаат од ВМРО-ДПМНЕ за затоплување на односите со ДУИ.
„Нормално, премиерот во јавност дава такви пораки, сметајќи дека така ќе им помогне на коалиционите партнери, меѓутоа не пушта такви пораки во приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите“, рече Османи, одавајќи дека анкетите покажуваат три спрема еден победа на Алијансата за интеграција наспроти ВЛЕН.
На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека преговарачкиот тим на ДУИ оставил бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го исполнат секое барање само за да останат во Владата. ваквите јавни настапи на премиерот се спротивни на приватните пораки што се праќаат од ВМРО-ДПМНЕ за затоплување на односите со ДУИ. На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека преговарачкиот тим на ДУИ оставил бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го исполнат секое барање само за да останат во Владата.
„На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ остави бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ подготвени да го иаполнат секое барање само за да останат во Владата која беше поразена на избори. Тогаш така храбро не звучеа и не се однесуваа првенците на ДУИ кои сега силно се удираат во гради. А Бујар Османи може да глуми принципиелност, но вистината е очигледна: врвот на ДУИ е претворен во милионерска елита, додека народот живее во сиромаштија. Затоа денес ДУИ ветува функции и влез во владата на своите разочарани членови, надевајќи се дека ќе ја сокријат сопствената корупција и криминални зделки. Кога Бујар Османи зборува за „аморфна маса“, токму тука е суштината на проблемот. ДУИ цели 20 години ја третираше албанската заедница како аморфна маса – како гласачка машинерија за нивните бизниси и криминални зделки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ДУИ прво ќе мора да се исчисти од криминалците и да се реформира, а потоа да размислува за политичка иднина.
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ денеска во изјава за медиумите рече дека за разлика од јавните настапи, од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат приватни пораки до ДУИ за затоплување на односите.
–