Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предлогот на Захариева, Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугарија, сега за неа е проблем да биде избрана за еврокомесарка

Кандидатката за бугарска еврокомесарка Екатерина Захариева одби да одговори на прашањата на Еурактив, пишува порталот, кои се очекува да бидат ставени на расправа пред Европскиот парламент и може да ја саботираат нејзината кандидатура за Европската комисија.

Според Еуроактив, многу меѓународни публикации фрлаат сенка на сомнеж врз шансите на Захариева да ја добие поддршката од европратениците поради одлуките на бугарската држава додека беше министер за правда, а потоа и министер за надворешни работи.

Додека Захариева беше министер за правда, Бугарија имаше сериозен проблем со корупцијата при доделувањето на бугарски државјанства, а беше отворен и корупциски случај против првиот човек на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев.

Еуроактив наведува дека во 2020 година, владата на Бојко Борисов ја блокираше европската интеграција на Северна Македонија поради партиските интереси на неговиот партнер од ВМРО, додека Захариева беше министер за надворешни работи.

Поголем проблем за Захариева е што таа во 2019 година лично го предложи бизнисменот со бугарски пасош Јордан (Орце) Камчев за почесен конзул на Бугарија во Република Северна Македонија.

Орце Камчев, пишува порталот, беше осуден за вмешаност во шема за перење пари поврзана со нелегално купување земјиште, а на црната листа за корупција во САД е од 2023 година.

Најново